Сорендо, Арињо и Ентрериос влегоа во историјата на Барселона

По крајот на сезоната, тројца играчи на каталонскиот гигант Барселона влегоа во историјата на овој клуб.

Станува збор за средниот бек Раул Ентрериос, левото крило Аитор Арињо и кружниот напаѓач Седрик Сорендо.

По освоените титули во Асобал лигата и Купот на Шпанија, Арињо стигна до 51 титула, додека Ентрериос и Сорендо стигнаа до 50 титули со каталонскиот тим.

На првото место на листата се наоѓа легендарниот голман Давид Баруфет, кој има освоено дури 71 титула со Барселона, а сега работи како менаџер на клубот.