Поранешниот голман на Келце, Хрватот Филип Ивиќ се приклучи во кампањата за спас на Келце. Тој на сметката на клубот уплати 1.000 злоти што е околу 220 евра и ја покажа љубовта кон клубот.
Ивиќ го напушти Келце пред две сезони бидејќи не сакаше да биде резерва на Цупара, а тоа лето се зголеми конкуренцијата, пристигна и Германецот Андреас Вулф. Од Келце, Ивиќ премина во Гумерсбах.
Ивиќ играше три сезони за Келце и беше трикратен шампион на Полска и куп победник. Освен него и други поранешни играчи на полскиот шампион се приклучија во кампањата. Грегор Ткачик и Мариуш Јурасик исто така уплатија помош на Келце во обид да се спаси клубот.
Главниот спонзор на Келце се повлече, па сега околу клубот се ангажирани во барање нови спонзори и се организираат разни настани за да се соберат средства плус.