Во споредба со лани, кога седум тима од регионалната СЕХА лига играа во Лигата на шампионите, во новата сезона таа бројка ќе биде помала.
Откако се намали и бројот на учесници во елитното натпреварување, од 28 на 16, се намали и бројот на тимови од СЕХА што ќе играат таму.
Оваа сезона тие се пет – Вардар, Веспрем, Загреб, Мешков Брест и Мотор Запорожје, додека лани покрај нив играа и Еурофарм Пелистер и Татран Прешов.
Ждрепката за новата сезона во ЛШ ќе биде на 1 јули, додека деталите за новата сезона во СЕХА ќе бидат познати на средината на јули.