Дваесетина поранешни играчи и вработени во шпанскиот Адемар Леон испратија писмо до медимуите во кое го обвинуваат одборот на директори на клубот на чие чело е Каетано Франко за авторитарно однесување, пренесува marca.com.
Писмото го потпишаа Давид Фернандез, Гонзало Кару, Марио Лопез, Акасио Маркез, Хуан Фернандез, Хуанин Гарсија и други играчи кое биле дел од тимот. Играчите ја дадоа оваа изјава како одговор на обвинувањата од Управниот Одбор минатата недела.
Писмото се однесува на доцнењето на платите, појавата на нови клаузули во договорите по нивното потпишување и спорното однесување на раководството на клубот кон ракометарите.
„Не можеме да разбереме и да дозволиме одборот да тргне по патот на јавно дискредитирање со лаги и закани“, се вели во изјавата.
Адемар Леон ќе има сосема изменет тим во однос на претходната сезона. Доаѓаат многу нови играчи меѓу кои и голманот на Вардар, Калифа Гедбан и пикерот на Висла Плоцк, Матеуш Пиечовски.