Иако имаше комбинации Асобал лигата следната сезона да се игра по системот што ќе се практикува во македонската Суперлига, сепак нема да биде така.
Во шпанскиот шампионат догодина ќе играат 18 екипи, кои требаше да играат во две групи по девет, но заедно со федерацијата беше решено сепак да се игра двокружен систем.
Тоа значи дека ќе се играа 34 кола и нема да има плеј-оф и плеј-аут, а титулата ќе ја освои првопласираниот на табелата по сите одиграни натпревари.
Првото коло е планирано за 2 и 3 септември, додека сезоната ќе стартува со Суперкуп натпреварот меѓу Барселона и Бенидорм.