„Татко ми е најдобриот тренер на светот – секогаш сонував да работам со него“

Најмладиот од семејството Душебаеви кои се дел од екипата на Келце, Даниел Душебаев во интервју за рускот сајт „Брз центар“ говореше на многу различни теми.

Од времето поминато во Полска за време на корона кризата, до подготвеноста на тимот и прилагодувањето на живот во земјата. Даниел особено имаше многу позитивни коментари за неговиот татко како тренер.

„Секој играч сака да работи со добри тренери. Мислам дека татко ми е најдобриот тренер на светот. Секогаш сонував да работам со него. Алекс работеше со него во Келце една година пред да дојдам јас. Доколку имав некој проблем секогаш разговарав со мојот брат“, рече Даниел.

Освен за неговито татко, најмладиот од Душебаеви не штедеше пофални зборови ниту за селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Жорди Рибера. Иако на последните две Европски првенства кои ги освои Шпанија селекторот не сметаше на Даниел тој сепак имаше што да каже.

„Рибера е голем аналитичар, мислам дека од работата со него имам голема корист. Да бидам искрен никогаш не ми се допаѓаше да гледам видеа од други екипи, но тој ни пушташе многупати. Во исто време тој нè учи да ги истражуваме деталите и да ги забележуваме и најмалите нијанси. Рибера е многу добар тренер и покрај тоа што нема време да работи со секој посебно“ изјави Даниел.