Шпанскиот стратег Давид Писонеро, кој лани го водеше европскиот шампион Вардар, го продолжи договорот со тимот на Ваљадолид.
Токму од овој тим Писонеро лани дојде во Скопје и имаше кратка авантура, иако не по своја вина.
Најпрво од главен тренер стана помошник на Едуард Кокшаров, но на полусезоната си замина назад во Шпанија и тврдеше дека Вардар му понудил да се врати пред да дојде Стевче Алушовски.
Писонеро ја одработе кратката пролетна полусезона со Ваљадолид, а сега ја продолжи соработката за уште една сезона.