Првите активности на машката сениорска репрезентација на Македонија би требало да бидат во ноември, кога избраниците на Данило Брестовац ќе ги одиграат првите два квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во Унгарија и Словачка во 2022 година.
Покрај домаќините, директно пласирани на ЕП се и финалистите на ЕП 2020, Хрватска и Шпанија, додека 32 селекции ќе се борат за преостанатите 20 места. Меѓу нив и репрезентацијата на Македонија. Сениорите се најдоа во вториот шешир пред ждрепката на 16 јуни, а тоа значи дека ќе ги избегнат селекциите на Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора и Холандија.
Од првиот шешир изборот не е премногу голем, но било идеално ако ги добиеме Чешка или Исланд на пример. Од третиот шешир има неколку нагазни мини како Швајцарија, Полска и Украина, додека од четвртиот сеедно е која селекција ќе ни биде ривал. Првопласираните и второпласираните одат на ЕП, како и најдобрите четири од третопласираните.
Ждрепката е закажана за 16 јуни во Виена, додека квалификациите почнуваат во ноември со првиот циклус од два меча, потоа продолжуваат во март и јуни следната година. Доколку се паднеме со некоја од репрезнтациите што ќе играат квалификации за Олимпијадата, натпреварите од мартовскиот циклус, ќе се одиграат од 6 до 10 јануари, следната година.
шешир 1: Норвешка, Шведска, Данска, Германија, Франција, Словенија, Чешка, Исланд
шешир 2: Австрија, Белорусија, Португалија, Македонија, Србија, Русија, Црна Гора, Холандија
шешир 3: Швајцарија, Литванија, Романија, Босна и Херцеговина, Украина, Летонија, Полска, Белгија
шешир 4: Финска, Италија, Турција, Израел, Естонија, Грција, Косово, Фарски Острови