Европската ракометна федерација одржа видео-конференција со осум национални федерации меѓу кои беше и Ракометната федерација на Македонија. Покрај РФМ на конференцијата учествуава и националните федерации на Босна и Херцеговина, Белорусија, Полска, Србија, Русија, Украина, Црна Гора и Чешка. На овој состанок ЕХФ на федерациите им го претстави планот за периодот од 2020 до 2027 година за развој на ракометот.
Целта на овој мастер план е да се создаде основа за долгорочен раст и развој на ракометот во Европа. Во овој период на криза поради коронавирусот спортот се соочи со голем предизвик од кој не беше исклучок ниту ракометот. Во овој поглед ЕХФ одлучи да одржи серија видео-конференции со цел да го испита пристапот на федерациите кон планот. ЕХФ планира овој план да го достави до извршниот комитет на крајот на јуни.
За време на видео-конференцијата националните федерации известуваа за тековната состојба во нивните земји. Сите федерации кои учествуваа на состанокот во своите земји прогласија или предвремен крај на првенството или натпреварите беа откажани. Во голем дел од земјите сè уште постојат рестриктивни мерки што не дозволува да се одржуваат натпревари. На оваа конференциja федерациите имаа можност да побараат одговор од ЕХФ за прашањата кои ги засегаат, a беше разговарано и за пријавувањето на екипите во европските купови.