- Хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице по младиот голман Доминик Кузмановиќ, ангажираше уште едно ново име. Станува збор за 20-годишното лево крило на црногорската репрезентација, Александар Бакиќ, кој досега играше за тимотна Комови.
- Унгарскиот репрезентативец со српско потекло Урош Борзаш, по две години поминати во тимот на Татабања, ќе има нов предизвик во кариерата, откако потпиша договор со француската екипа Тулуз.
- Белорускиот лев бек Дмитри Камишик, кој своевремено играше за Мешков Брест, по само една полусезона заминува од Нева Санкт Петербург и најверојатно ќе се врати во тимот на СКА Минск.
- Перспективната португалска ракометарка Јоана Резенде, која настапува на левата бековска позиција ќе го има првиот интернационален предизвик откако потпиша договор со француската екипа Париз 92.
- Унгарската голманка со украински пасош, Жудит Балог, ја напушти Бекешчаба и потпиша договор на една сезона со тимот на Шомбатељ, каде што брани српската репрезентативка Катарина Томашевиќ.
- Откако ги продолжи договорите со Шпанците Игнасио Плаза Хименез и Начо Моја, грчкиот шампион АЕК Атина ја обнови соработката и со хрватскиот интернационалец Марин Бунета на уште една година.
ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Нексе донесе црногорски репрезентативец, Српскиот Унгарец се сели во Тулуз
Од:Фото: Aрхива