Мирсад Терзиќ после 11 години ова лето ќе го напушти унгарски Веспрем. Пандемијата со коронавирусот ги прекина спортските натпреварувања, па така Терзиќ како и многу други спортисти немаше можност да се прости на терен од навивачите.
Сепак репрезентативецот на Босна и Херцеговина најде начин како да го стори тоа. На неговиот профил на Фејсбук напиша емотивен статус.
„Дојде денот кога морам да се заблагоарам на сите луѓе во Веспрем за прексрасните 11 години поминати тука. Им благодарам на сите луѓе од управата, на сите тренери со кои работев, многу научив од секој од вас и го имате моето вечно почитување. Им благодарам на целиот лекарски тим, лекарите, масерите, физиотерапевтите. Им благодарам на моите колеги од соблекувалнаата на убавите моменти и заеднички борби, а посебно благодарам за навивачите за нивната безусловна поддршка сите овие години. Жалам што заради ваквата ситуација не можеме лично да се поздравиме. Нов предизвик е пред мене, но Веспрем секогаш ќе биде мојот втор дом, заради тоа ова не е збогум. Ви посакувам се најдобро во иднина со многу љубов“, напиша Терзиќ.
Од наредната сезона Мирсад Терзиќ ќе има нов предизвик во првенството на Полска каде што ќе настапува за вицешампионот Висла Плоцк и ќе се обиде да му помогне на тимот да го симнат Келце од тронот.
Eljött a nap, amikor köszönetet kell mondanom Veszprém csodálatos embereinek az itt eltöltött 11 évemért. Köszönöm a…
Публикувахте от Mirsad Terzic в Петък, 15 май 2020 г.