Избркаа неколку ракометари, Здружението на играчи веднаш ги осуди

Предвременото завршување на сезоната беше причина дел од екипите да отпуштат ракометари од своите редови, а тоа наиде на брза реакција на Здружението на играчи од Асобал лигата.

Тимовите на Адемар и Пуенте Хенил им врачија предвремени откази на дел од играчите чии договори истекуваа на 31 мај или 15 јуни и ова беше причина веднаш да дојде до реакција.

Играчите биле известени со писма, а меѓу оние кои добиле отказ е и Хуан Гарсија, кој бил и тренер на вториот тим.

„Не станува збор за договори во градежништвото  кои завршуваат кога ќе биде завршен предметот во договорот. Се работи за времетраење кое мора да се почитува“, велат од Здружението.

Тие се против ваквото доделување на откази така што сигурно ќе се бара правдата и ќе се бара начин како да се поправат работите и да се заштитат ракометарите.