Тренерот на новиот германски шампион Кил, Филип Јиха, се приклучи на познатите имиња кои во последниот период повторно ја актуелизираат темата за временско ограничување на нападите.
Пред неколку дена на оваа тема се изјаснија и Веселин Вујовиќ, Владо Шола и Владо Штенцл кои јасно дадоа поддршка за ограничување на нападите, а сега и Јиха се приклучи на нив.
„Во Бундес лигата имама во просек по пет напади помалку во споредба со Лигата на шампионите. Тоа не допринесува за аткративност на ракометот“, изјави Филип Јиха.
Последниве години временското ограничување на нападите е многу популарно и поддржано од многу ракометни работници, но сè уште нема конкретна најава дека оваа идеја наскоро би можела да се реализира. Сепак ова е тема за многу полемики во ракометните кругови.