Денеска челниците на Ракометната федерација на Шпанија, решија да ги стопираат сите шампионати во двете конкуренции.
Титулата во Асобал лигата оди во рацете на каталонскиот гигант Барселона, кој до прекинот имаше пет бодови предност во однос на Адемар Леон и осум пред Ла Риоха.
Ова е десетта титула за Барса во низа, и тие ќе бидат претставник на Шпанија во Лигата на шампионите.
Бидасоа, Адемар Леон и Ла Риоха, би требало да играат во Лигата на Европа, додека во женска конкуренција титулата оди кај ракометарките на Бера Бера.