Репрезентативците на машката репрезентација на САД, браќата Патрик и Јан Хатер се пораснати во Германија, но потоа се преселиле во САД и се дел од репрезентацијата која е формирана во 2018 година.
Тие настапуваат во втората Бундес лига во екипата на Баер Дормаген. Нивната главна цел со репрезентацијата на САД е успешен настап на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година на која ќе настапат како домаќини.
„Премногу размислувам за Олимпијадата, многу сум возбуден и не можам да дочекам нашата екипа да се натпреварува на турнир од таков ранг“, рече Јан Хатер.
„Ние сме млад тим и добро е што имаме простор да напредуваме од година во година. Знам дека има многу работа пред нас. Ова важи за нашиот тим и за вкупниот развој на ракометот во САД. Американските момчинња и девојчиња кои играат ракомет на училишните терени се нашата иднина. Треба да ги заинтересираме за овој спорт, а тогаш се ќе биде можно.“, го дополни својојт брат Патрик Хатер.