„Федерацијата ни ја украде титулата“

Претседателот на Ѓер, Чаба Барта беше гостин на унгарската телевизија Спорт 1 и говореше за ставот на шампионот на Унгарија за одлуката на федерацијата да го поништи првенството.

Ѓер владее во Унгарија и при прекин на првенството беше водечки на табелата и на добар пат да освои нова титула. Сепак прекинувањето на шампионатот им ја ускрати таа можност.

„Ѓер не е задоволен од одлуката на ракометната федерација на Унгарија да не прогласи шампион на првенството туку да го поништи. Ова практично му ја одзема титулата на клубот. Мислам дека требаше да се додели шампионската титула врз основа на досега одиграните натпревари. Што се однесува на Лигата на шампионите сите во клубот и сакале да играме против ЧСМ Букурешт па и пред празни трибини“, изјави Барта.

Претседателот на Ѓер истакна и дека ростерот за наредната сезона уште не е затворен, а тој планира да ја врати во тимот и репрезентативката на Холандија, Нике Грот која во 2019 година од Ѓер се пресели во Одензе.