Европскиот шампион Вардар сезонава претрпе неколку двоцифрени катастрофални порази, а еден од нив беше од полскиот Келце на гостински терен.
На 16 ноември, тимот на Талант Душебаев славеше со убедливи 35-25, а голманот Андреас Вулф во интервју за германскиот „Кикер“, вели дека штом европскиот првак го победиле со толкава разлика, тогаш се подготовени за титула.
„Тимот е доволно силен оваа сезона. Освоивме три бода со Кил, но беше лошо што два пати загубивме од Монпелје. Го декласиравме и европскиот шампион Вардар со десет гола разлика. Имаме голем квалитет и не само за завршниот турнир во ЛШ – со Карачиќ, кој ни е организатор на играта, со Јанц кој е едно од најдобрите десни крила на светот, и со Каралек, еден од најдобрите пивотмени. Мислам дека имаме големи шанси да одиме во Келн и дека ќе ги елиминираме Целје и ПСЖ“, вели Вулф.
Сепак можно е да не се одиграат елиминациските наптревари во Лигата на шампионите, па планот на Вулф нема да се оствари и во Келн ќе патуваат само најдобрите четири екипи од групната фаза – Кил, Барселона, Веспрем и ПСЖ.