Екс-играч на Партизан ја засилува Бенфика

Поранешниот тим на Борко Ристовски, Бенфика се засилува за следната сезона.

Екипата од Португалија одлучи да ангажира ракометар од Србија, а се работи за Лазар Кукиќ, кој потекнува од редовите на Партизан, а има играно и во Шпанија.

„Кукиќ е физички силен играч кој знае да игра добро и во нападот и во одбраната. Тој е играч кој размислува и игра паметно, а покрај тоа и знае со брзи топки да ги проигра пиводите. Се работи за играч кој ќе донесе многу во играта на Бенфика“, вели Маријано Ортега.

Се работи за репрезентативец на Србија, со кој Бенфика би требало да добие на поголем избор и во одбраната и во нападот.