Ракометната федерација на Македонија ги извести сите клубови за прекин на сезоната во сите конкуренции, и упати предлог до нив за изгледот на Суперлигата во следните две сезони.
Елитната машка лига во нашата држава би требало да брои 16 екипи, меѓу нив и тимовите што ја претставуваа Македонија во СЕХА лигата, Вардар и Еурофарм Пелистер, како и најдобрите четири екипи во Првата лига (Тиквеш и Прилеп се повратници во Суперлигата, а ќе дебитираат КЛ7 и Астраион).
Тие ќе бидат поделени во две групи согласи претходниот ранкинг на РФМ и ќе одиграат двокружно, дома и гости, вкупно 14 кола. Најдобрите четири екипи од двете групи ќе играат во плеј-офот (исто така двокружно, вкупно 14 кола), додека оние од 5 до 8 место во двете групи, ќе играат во плеј-аут по ист систем.
Сите екипи ќе пренесуваат бодови во втората фаза (плеј-оф и плеј-аут) – првопласираните по 3 бода, второпласираните 2, третопласираните 1, додека последнопласираните ќе бидат без бодови.
Победникот во плеј-офот ќе биде шампион, додека победникот во плеј-аут групата обезбедува опстанок за сезоната 2021/2022. Второпласираниот од плеј-аут ќе игра бараж за опстанок со првиот од Првата лига, додека оние од 3 до 8 место се селат во Првата лига.
Во Суперлигата следната сезона би требало да играат следните екипи: Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург, Охрид, Пролет, Бутел Скопје, Радовиш, Вардар Јуниор, Еурофарм Пелистер 2, Металург 2, Струга, Работнички, Астраион, Прилеп, Тиквеш и КЛ7.
Можен изглед на групите во Суперлигата:
Група 1:
Вардар
Металург
Пролет
Радовиш
Еурофарм Пелистер 2
Струга
Астраион
Тиквеш
Група 2:
Еурофарм Пелистер
Охрид
Бутел Скопје
Вардар Јуниор
Металург 2
Работнички
Прилеп
КЛ7