Унгарскиот тим ЕРД, кој сезонава беше дел од ЕХФ Купот, во следната сезона ќе биде составен само од млади домашни ракометарки.
Управата им ги раскина договорите на сите 21 ракометарка од актуелниот ростер, во кој имаше познати ликови како Катарина Крпеж, Јелена Лавко, Александра До Насименто, Маркета Јерабкова, Анет Кишфалуди…
Сите се слободни да си бараат нови средини за следната сезона, а поради кризата со коронавирусот и големото кратење на буџетот, тренерот Едина Сабо засега има на располагање само три млади ракометарки за следната сезона.
Унгарскиот шампионат заврши, местата во Европа ги добиваат истите екипи од лани, а тоа значи дека и ЕРД ќе има шанса да се пријави за Лигата на Европа, но сигурно нема да го стори тоа и ќе го препушти местото на друга екипа.