„Клубови, не чекајте – туку испраќајте понуди!

Десното крило на францускиот шампион ПСЖ, Лук Абало, пред неколку месеци најави дека оваа сезона е последна негова во кариерата.

Но поради коронавирусот, кој се уште не стивнува низ светот, тој веројатно ќе одигра уште една сезона.

„Мојата кариера не може да заврши вака. Ќе видам, но најверојатно продолжувам, иако не знаеме што ќе биде за неколку месеци. Но ако има клубови што ме посакуваат – не се срамете, туку побарајте ме“, вели Абало.

Неговиот договор со ПСЖ веќе заврши, а нема да биде продолжен. На негово место доаѓа шпанскиот репрезентативец Феран Соле.