Додека трае паузата насекаде поради коронавирусот Дисциплинската комисија на ЕХФ донесе казна која е упатена до Ракометната федерација на БиХ.
Донесена е одлука против Ракометната федерација на БиХ, а се работи за случај кој се однесува на трансфери меѓу федерациите. Нема детали за кои случаи точно се работи, но ќе мора да биде платена одредена сума.
Од БиХ, ќе мора да платат 750 евра, а причината е во нелегално издавање на сертификат за трансфер.