Штербик: Meѓу стативите може да ме оставиш и 12 часа, но немој да ми кажеш да трчам и да кревам тегови…

Некогашниот голман на Вардар, Арпад Штербик, требаше на крајот на сезоната и официјално да замине во пензија, но тоа се случи порано од очекувањата поради коронавирусот.

Шпанскиот репрезентативец имаше неколку повреди низ богатата кариера. Една од нив целосно го промени неговиот начин на тренинг и тоа по препорака на Талант Душебаев.

„Еднаш се натпреварувавме со Рутенка, бевме на трка, по која јас заработив повреда. Талант беше бесен и ми рече дека никогаш не треба да трчам. Од тој ден па наваму, само тоа го правев, трчав два метри десно и лево. Меѓу стативите можеш да ме оставиш 12 часа и нема да имам проблеми. Но, доколку ми кажеш да трчам и да кревам тегови, тогаш нема да бидам расположен. Тоа не е за мене и не ми се допаѓа“, изјави Штербик.

Покрај дресовите на Вардар и Веспрем, Штербик беше член на Атлетико Мадрид, Сиудад Реал и Барселона.