„И ден денес размислувам за пропуштените шанси со Вардар, но таква ни беше судбината!“

Едно од најдобрите десни крила во светот, Јованка Радичевиќ, помина пет сезони во поранешниот европски вицепрвак ЖРК Вардар.

Играше пет пати на завршниот турнир во Лигата на шампионите, два пати во финале, но ниту еднаш не успеа да ја освои титулата. Црногорската репрезентативка вели дека ниту ден денес не може да ги заборави поразите во Ѓер.

„И ден денес ми е жал за загубените финалиња со Вардар, тоа е нешто за кое често размислувам. Преубави пет години поминав во Скопје, тоа е мојот втор дом и навистина ми е жал, бидјеќи бевме зрели за титула. Не сакам да се враќам на одлуките во финалињата. Јас сум спортист и никогаш не го барам виновникот на друга страна. Ни фалеше и спортска среќа. Жал ми е поради луѓето во Македонија, поради нашиот сопственик Сергеј Самсоненко, кој и со машкиот и со женскиот тим на Вардар донесе многу радост во Македонија. Успеа со машкиот тим да стигне до титулата, тие му вратија на најдобар можен начин, но останува жалта дека ние не успеавме. Тоа е спортот, ќе паднеш, ќе станеш, продолжуваш понатаму. Таква ни беше судбината, немавме среќа, но се надевам дека ќе освојам титула со мојот матичен клуб Будуќност“, изјави Радичевиќ  за Balkan Handball.

По заминувањето од ЖРК Вардар, Радичевиќ помина една сезона во ЧСМ Букурешт, а сезонава се врати во Будуќност со кој обезбеди место во четвртфиналето во Лигата на шампионите.