Вилијам Акамбре по една сезона помината во Брест заминува од Мешков и се враќа во својата Франција. Последните две сезони никако да најде вистински клуб откако го напушти ПСЖ во 2017 година.
Од ПСЖ премина во Веспрем но имаше проблеми со повреди, потоа една сезона беше позајмен во Целје. Сезонава ја помина во Мешков Брест во обид да се врати во старата форма и по само една година во Брест заминува во Екс ан Прованс.
Во интервју за белоруските медиуми Акамбре сподели некои интересни случки кои ги доживеал во Белорусија и за тоа како се снашол во новата средина.
“Најмногу се потпирав на помошта од клубот, ми помогнаа за адаптација и да завршам со документите. Веќе научив неколку зборови кои ми помагаат да се снајдам кога одам до маркет. Животот овде е пријатен, сепак француската кујна е најдобра и ми недостасува. Тука има помалку овошје и зеленчук, а многу компири. Најинтересната случка ми се скучи кога се вративме од гостувањето во Запорожје и го обезбедивме фајнал форот во СЕХА. Не пречекаа со дувачки оркестар кој свиреше десетина минути само за нас. Ова никогаш не ми се случило никаде“, сподели Акамбре.