Завршниот турнир во регионалната СЕХА лига требаше да се одржи од 3 до 5 април во хрватскиот град Задар.
Ракометарите на Вардар, на кои им остана реванш дуелот против хрватскиот Нексе Нашице од осминафиналето, во текот на овие три дена требаше да ја бранат титулата што ја освоија лани во Брест.
Овој период од годината кога традиционално се одржува фајнал-форот е вистинско време да се потсетиме на претходните завршни турнири во СЕХА лигата. Во продолжение да се потсетиме на најзначајните детали од натпреварите.
1. фајнал-фор / Загреб, 2012 година
Во првата сезона на СЕХА, дојде по 22 кола, четири екипи кои се истакнаа најмногу беа Загреб, Вардар, Татран Прешов и Металург. Во Арена Загреб, Вардар успеа да ја освои својата прва титула СЕХА лигата во премиерното издание на натпреварувањето во македонското финале против Металург.
Меч за трето место
Загреб – Татран Прешов 31:29
Финале
ВАРДАР – Металург 21:18 (10:12)
МВП: Златко Хорват (Загреб)
Најдобар голман : Дарко Станиќ (Металург)
2. фајнал-фор / Скопје, 2013 година
Во оваа сезона се натпреварваа 10 екипи а освежување беше белорускиот клуб Мешков Брест. Тие успеаја да направат изненадување и завршија на првото место во регуларниот дел на сезоната. Останатите три екипи беа исти од минатата сезона на завршниот турнир, Металург, Вардар и Загреб. Хрватскиот првак само една година подоцна успеа да ја освои првата титула против Вардар дури по продолженија.
Меч за трето место
Металург – Мешков Брест 26:21
Финале
ЗАГРЕБ – Вардар 25:24 (21:21) по продолженија
МВП : Страхиња Милиќ (Вардар)
Идеален тим : Милиќ (Вардар), Татарин (Мешков), Хорват (Загреб), Стоилов (Вардар), Козлина (Металург), Карачиќ (Вардар), Степанчиќ (Загреб)
3. фајнал-фор / Нови Сад, 2014 година
На почетокот на сезоната, СЕХА објави договор за соработка со рускиот гигант Гаспром. На Финалниот 4 турнир во Нови Сад, Загреб го освои третото место со победа против Татран Прешов, а титулата повторно отиде во Скопје!
Меч за трето место
Загреб – Татран Прешов 36:28
Финале
ВАРДАР – Мешков Брест 29:27 (14:15)
МВП: Тимур Дибиров (Вардар)
Идеален тим : Пешиќ (Мешков Брест), Дибиров (Вардар), Хорват (Загреб), Стојковиќ (Мешков Брест), Рабек (Татран Прешов), Карачиќ (Вардар), Кристопанс (Татран Прешов)
4. фајнал-фор / Веспрем, 2015 година
Четвртата СЕХА лига сезона беше обележана со доаѓањето на унгарскиот гигант Веспрем. Унгарците доминираа уште од самиот почеток и го обезбедија првото место по регуларниот дел од сезоната. Во финалето славеа над Мешков со најубедливата победа во финалињата.
Меч за трето место
Загреб – Вардар 26:23
Финале
ВЕСПРЕМ – Мешков Брест 32:21 (14:9)
МВП : Чема Родригез (Веспрем)
Идеален тим : Миклер (Веспрем), Антл (Татран Прешов), Маргуч (Веспрем), Стојковиќ (Мешков Брест), Обрановиќ (Загреб), Никуленкау (Мешков Брест), Наѓ (Веспрем)
5. фајнал-фор / Вараждин, 2016 година
Сезоната 2015/2016 ќе се памети по тоа колку беше успешен Веспрем! Фајнал форот што се одржа во Вараждин доби награда за најдобар регионален спортски турнир, а Веспрем ја освоија својата втора титула во СЕХА во втората сезона овој пат против Вардар во финалето.
Меч за трето место
Загреб – Мешков Брест 24:23
Финале
Вардар – ВЕСПРЕМ 26:28
МВП : Момир Илиќ (Веспрем)
Идеален тим : Стевановиќ (Загреб), Угалде (Веспрем), Хорват (Загреб), Стојковиќ (Мешков Брест), Илиќ (Веспрем), Циндриќ (Вардар), Душебаев (Вардар)
6. фјнал-фор / Брест, 2017 година
Пред завршниот турнит во Брест, и Веспрем и Вардар веќе успеаја да освојат по две титули. Беше уште едно фантастично финале меѓу овие два ривала, само што овој пат Вардар успеа да излезе како победник. Сепак тоа не беше се од Вардар таа сезона, освоија уште три трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во ЕХФ, за да докажат колку навистина се добри екипите од СЕХА лигата.
Натпревар за третото место
Мешков Брест – Загреб 23:19
Финале
ВАРДАР – Веспрем 26:21
МВП : Жоан Кањелас (Вардар)
Идеален тим : Алиловиќ (Веспрем), Дибиров (Вардар), Чупиќ (Вардар), Нилсон (Веспрем), Борозан (Вардар), Кањелас (Вардар), Кристопанс (Мешков Брест)
7. фајнал-фор/ Скопје, 2018 година
Завршниот турнир по втор пат се одржа во Скопје, откако Загреб го совлада Вардар во првиот. Вардар го заврши регуларниот дел од сезоната непоразен и на крајот, ја освои својата четврта титула во СЕХА против Загреб во незаборавно финале!
Натпревар за третото место
Мешков Брест – Целје ПЛ 28:31
Завршен натпревар
ВАРДАР – Загреб 26:24
МВП : Лука Циндриќ (Вардар)
Идеален тим : Штербик (Вардар), Дибиров (Вардар), Павловиќ (Загреб), Циндриќ (Вардар), Млакар (Целје ПЛ), Хорват (Загреб), Шумак (Мешков Брест)
Најдобар дефанзивец : Илија Абутовиќ (Вардар)
8. фајнал-фор / Брест, 2019 година
По втор пат во СЕХА лига историјата, градот Брест беше домаќин на Фајнл-фор турнирот. Вардар беше подготвен да ја одбрани својата титула од претходните две години. Не само што успеаја да ја освојат својата петта титула во СЕХА, туку успеаја да ја повторат 2017 година, со тоа што ја освоија и титулата во Лигата на шампионите во ЕХФ. Настанот беше награден како најдобра спортска манифестација на Спортфест во Пореч.
Натпревар за третото место
Нексе – Мешков Брест 19:24
Финале
Загреб – ВАРДАР 23:26
МВП: Даинис Кристопанс (Вардар)
Идеален тим: Милосављев (Вардар), Дибиров (Вардар), Бичаниќ (Загреб), Обрановиќ (Мешков Брест), Кристопанс (Вардар), Хорват (Загреб), Стоилов (Вардар)
Најдобар дефанзивец: Павел Хорак (Мешков Брест)