По примерот на градските ривали од Битола, Еурофарм Работник и Пелистер, кои лани се фузираа и веќе настапуваат под името Еурофарм Пелистер, на повидок е уште една фузија во македонскиот ракомет.
Станува збор за големите скопски ривали Вардар и Металург, кои за време на летната пауза до новата сезона, би требало да ги завршат сите формалности.
Екипата веројатно ќе го носи името Вардалург, домашните натпревари од Суперлигата ќе ги игра во Автокоманда, додека меѓународните во СЕХА и во Лигата на шампионите, ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“.
Веројатно фановите на двете екипи тешко ќе ја прифатат ваквата одлука, но како што ќе одминува времето, ќе се навикнат на новиот тим.
Малку шега не е одмет. Априлили…