Екипите во Асобал лига се изјаснија во однос на тоа првенството да продолжи во јуни. Половина од нив порачаа да не се игра во јуни, а доколку биде одлучено да има натпревари, тие ќе се откажат.
Спротивно на нив најдобрите екипи се за тоа првенството да продолжи во јуни. Барселона, Уеска, Ваљадолид, Грањолерс, Нава, Логроњо и Бидасоа Ирун се согласуваат да играат.
Сепак раководството на новата екипа во Асобал, Нава, забележа дека одлуката за играње на натпревари во предложениот термин ќе донесе дополнителни трошоци за клубовите во износ од 25-30 иллјади евра.
Доколку продолжи првенството клубовите бараат да имаат неколку недели за да направат скратени претсезонски подготовки пред да продолжат со натпреварите.