Секој ден се зголемува бројката на заразени ракометари со коронавирусот, а денеска беше објавен и првиот позитивен случај во елитното натпреварување во Шпанија.
Станува збор за ракометарот на Пуенте Хенил, Хозе Баена. 31-годишниот Баена имал пневмонија, заминал во болница, и таму било откриено дека е позитивен на коронавирусот.
„Да се обединиме и да му дадеме поддршка на нашиот Хозе Баена. Сите од клубот и навивачите се со тебе“, напишаа од Пуенте Хенил.
Од претходно, во Бундес лигата има седум позитивни случаи во Рајн Некар, како и еден во Фуксе Берлин.