Светската ракометна федерација пред десетина дена ги одложи квалификациските турнири кои носеа место на Олимписките игри во Токио.
Женските турнири требаше да се играат од 20 до 22 март во Унгарија, Шпанија и Црна Гора, додека машките требаше да се играат од 17 до 19 април во Норвешка, Франција и Германија.
Денеска ИХФ ги објави новите термини за квалификациите – 12 до 14 јуни за жените, 17 до 19 јуни за мажите.
Но откако беше потврдено дека Олимписките игри се откажани и ќе бидат на програмата во 2021 година, од ИХФ веднаш ја повлекоа информацијата за новите термини, па останува нејасно дали и тие ќе бидат преместени за следната година.