Спортот е во пауза насекаде низ Европа и светот, па спортистите, кои се навикнати да бидат секогаш во салите и на терените, мораат да бидат во карантин и да ги почитуваат препораките од властите во борбата против коронавирусот.
Ракометарите на европскиот шампион Вардар, веќе една седмица не тренираат во сала, но имаат индивидуални тренинзи.
Освен тренинзите, времето најчесто се минува со гледање филмови и серии, читање книги, а словенечкиот интернационалец Сташ Скубе на социјалните мрежи покажа дека го бива и во кујна (во случајов на тераса) за подготвување на скара.