Македонскиот репрезентативец Мартин Поповски, кој сезонава со успех настапува за тимот на Пролет, на лето ќе го има првиот интернационален предизвик.
Десното крило, кое со Вардар освои две шампионски титули, се сели во Швајцарија, и ќе настапува за тимот на Амичитија од Цирих, со кој потпиша договор на две сезони.
Амичитија оваа сезона заврши на осмото место и требаше да игра во плеј-офот, но поради коронавирусот, швајцарското првенство веќе заврши, па се очекува само формално да се прогласи шампионот.
Поповски потекнува од штипски Текстилец, а во нашата освен за Пролет, настапуваше и за Вардар Јуниор.