Екипата на Ратинген од која се дел и Филип Лазаров и Ацо Јоновски од летото 2020 добива бундеслигашко засилување. Се работи за хрватскиот интернационалец Роберт Маркотиќ кој во Ратинген ќе пристигне од Штутгарт каде што сезонава настапува со Жарко Пешевски.
Маркотиќ кариерата ја започна во Нексе Нашице каде што настапуваше од 2008 до 2013 година. Во тој период беше и дел од младинската репрезентација на Хрватска со која стана светски првак во 2009 година. Со Ратинген потпиша тригодишен договор.
„Имавме многу добри преговори, менаџерите вложија многу труд да го обезбедат најдоброто за мене и моето семејство. Не беше лесно да се одбијат другите понуди од бундеслигашите. Сепак директорот на клубот работи многу професионално и се надевам дека ќе бидеме успешни заедно во наредните години“, изјави Маркотиќ по потишувањето на договорот.
Во 2013 година Маркотиќ го имаше првиот интернационален трансфер во Мешков Брест, а потоа играше и во Екс ан Прованс, Арендал, Макаби Ришон и Горење пред да заигра во најдобрата лига во светот во тимот на Штутгарт.