Ракометарите на ППД Загреб дојдоа до победа од 28:16 на реваншт дуелот против Татран Прешов и се изборија за уште еден пласман на завршниот турнир од СЕХА лигата. Тимот од Хрватска доминираше во текот на сите 60 минути така што на крајот и резултатот изразен со 12 гола разлика.
После победата на првиот дуел тимот на ППД Загреб веќе беше пласиран во следната рунда и беше прашање само каков ќе биде епилогот од оваа пресметка.
Домашните цело време беа во позитива така што во ниту еден момент нe дозволија Татран да се доближи. На полувреме беше 12:9, но во вториот дел ППД Загреб беше доминантен и докажа дека е далеку соквалитетот вооднос на тимот од Словачка.
На тој начин ППД Загреб стана првиот полуфиналист, а имињата на сите четири екипи кои ќе играат на Ф4 турнирот ќе бидат познати в недела.
Денеска најефикасни со пошест гола беа Хорват и Божовиќ, a голманот Матеј Ашанин заврши со 16 интервенции меѓу кои беа два седмерци. Во Татран Прешов, Чуприна заврши сошест одбрани, а со четири гола најефикасен беше Педро Пачеко.