Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, иако имаше уште две сезони од актуелниот договор со бундеслигашот Магдебург, сепак ќе си замине на крајот на сезоната.
Магдебург потврди дека спогодбено е раскинат договорот со левиот бек, кој не добиваше голема минутажа од тренерот Бенет Вигерт.
„Кузмановски побара да му го раскинеме договорот, а ние му ја исполнивме таа желба бидејќи не сакаме да му пречиме во развојот. Тој имаше ветувачки изданија во првата сезона од Бундес лигата и му посакуваме одлично да се развива во новиот клуб“, изјави тренерот Вигерт.
Левиот бек сепак ќе остане во Германија и најверојатно ќе ја продолжи својата кариера во Хановер, кој е предводен од шпанскиот стручњак Карлос Ортега.