Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со министерот за здравство Венко Филипче, предложи да се забранат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на државата и спортски натпревари во следните месец дена.
Министерот го достави предлогот до Владата, која одлучи да го прифати.
„Се забрануваат секакви спортски настани со публика во следните 30 дена на територијата на цела Македонија. Се забрануваат секакви активност во градинки, основни и средни учичишта во слендите 14 дена, како и јавни собири на отворено и затворено со над 1.000 луѓе“, објави Филипче на прес конференцијата.
Најпогоден од оваа одлука е европскиот шампион Вардар.
„Црвено-црните“ ракометари играат на 15 март реванш натпревар од регионалната СЕХА лига против хрватскиот Нексе Нашице, додека на 22 март се игра првиот дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите, против унгарскиот ПИК Сегед.
И на двата меча вардарци нема да ја имаат поддршката од публиката.