Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со министерот за здравство Венко Филипче, предложи да се забранат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на државата и спортски натпревари во следните 14 дена, односно до 24 март.
Министерот ќе го достави предлогот до Владата, која ќе одлучува на денешната седница и ќе ја објави одлуката во текот на денот. Доколку биде прифатено барањето на Комисијата, најпогоден ќе биде европскиот шампион Вардар.
„Црвено-црните“ ракометари играат на 15 март реванш натпревар од регионалната СЕХА лига против хрватскиот Нексе Нашице, додека на 22 март се игра првиот дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите, против унгарскиот ПИК Сегед.
Помалку е веројатно дека овие средби би биле одложени, а поверојатно е дека ќе се играат без публика. Каква ќе биде одлуката на Владата останува да видиме подоцна во текот на денот.