РК Алушовски до сигурни бодови против Риниа

Ракометарите на РК Алушовски ја остварија четвртата победа во сезоната откако во 17. коло од Првата машка лига беа подобри од Риниа со 33:28.

Гостинскиот тим иако настапи со само осум играчи даде силен отпор. Поголемиот дел од првото полувреме се играше израмнето до резултат 11:11. Во завршните минути РК Алушовски успеа да направи предност на полувреме од 18.15

Во продолжението Риниа повторно се доближи на само еден гол негатива но немаше сили за пресврт. Во составот на РК Алушовски со седум гола најефикасен беше Петар Атанасиевиќ, а втор стрелец беше Драган Рачевски со шест погодоци. За екипата на Риниа Тахировиц постигна седум гола и беше најпрецизен, а Бојан Марковски погоди шест пати.