Првиот стрелец во СЕХА има две нови „професии“ – се двоуми меѓу сликар и моден дизајнер

Најефикасниот ракометар во досегашниот дел од сезоната во СЕХА лигата, а сигурно и прв стрелец и на крајот поради големата предност во однос на конкуренцијата, Никита Вајлупов се подготвува за четврт-финалните пресметки со тимот на Мотор Запорожје.

Ракометарот на Мешков Брест, сепак, наоѓа време за да се занимава и со друго, а веќе може да се пофали дека зад себе има неколку уметнички слики. Покрај тоа наскоро планира да навлезе и во светот на модата.

„Поголемиoт дел од времето сум посветен на ракометот. Сепак, секогаш кога ќе направам пауза сакам да сликам. Ми се допаѓа апстрактната уметност. Исто така од неодамна имам и ново хоби, а тоа е модниот дизајн. Можеби наскоро ќе почнам и со тест колекција на облека во уличен стил“, вели Вајлупов.

Тој вели дека неговите слики веќе се на ѕидови во ресторани, а наскоро може да се најде некоја и во приватната колекција на неговиот колега од ПСЖ, Микел Хансен.

„Многу од моите слики се наоѓаат на ѕидови во ресторани, а некои беа и претставени пред легенди како што е Спартак Миронович. Знам дека Микел Хансен е исто така заинтересиран за апстракната уместност и ќе ми биде драго ако една од моите слики заврши во неговата колекција“, коментира играчот на Мешков.

Доколку десното крило на тимот од Белорусија покаже дека и во уметноста и модата може да биде одличен како на теренот тогаш сигурно ќе има што да се види од него и на ова поле.