Ракометната федерација на Македонија објави неколку промени во машката и женска сениорска репрезентација.
Управниот Одбор донел одлука за нов спортски директор на машката и женската репрезентација да биде Левче Китевски.
Досега тие функции ги извршуваа Димитар Митревски и Силвана Карбеска.
Китевски своевремено ги извршуваше директорската и претседателската функција во Металург, а работеше и во српскиот Железничар Ниш.
Гино Стрезовски ќе му биде стручен советник на Симе Симовски во женската сениорска репрезентација, додека Димитар Митревски ќе ја има функцијата на координатор на сите машки селекции.
Управниот Одбор на РФМ има двајца нови членови, а тоа се Ѓорѓе Војновиќ и Билал Суџубаши.
Овие одлуки треба да бидат верификувани на следниот состанок на УО на РФМ.