Рекреативци ги избркаа ракометарите од сала (ФОТО)

Еден од најдобрите тимови во Првата лига и аспирант за место во елитата, струмички Астраион има големи проблеми во пресрет на стартот на пролетниот дел од сезоната.

Струмичани обезбедија место во плеј-офот со лидерската позиција и ќе имаат уште два меча од регуларниот дел и нови 14 од плеј-офот.

Но ракометарите на Астраион не можат да одржат квалитетен тренинг во последниот период. Главната причина е тоа што термините во спортските сали се пополнети, а предност им се дава на рекреативци.

Од струмичкиот клуб реагираа на социјалните мрежи.