Ракометарите на Рајн Некар денеска имаат можност да одиграат добар натпревар и воедно да си обезбедат пласман во четврт-финалето од Купот на ЕХФ на две кола пред крајот. Тимот за кој до лани играше Филип Талески има три победи, па со нов триумф ќе нема проблем да дојде до место меѓу оние кои ќе разигруваат за пласман на Ф4 турнирот.
Според предвиденото денеска има само еден натпревар од 4. коло во ова натпреварување, а другите средби остануваат за викенд. И овој викенд ќе има дуел на македонските интернационалци. В недела Филип Кузмановски ќе биде домаќин на Кирил Лазаров.
КУП НА ЕХФ
ДВОЈКИ ЗА 4. КОЛО
ГРУПА А
САБОТА, 29 ФЕВРУАРИ
19:00ч
ГВАРДИЈА ОПОЛЕ – БЕНФИКА
20:45ч
МЕЛЗУНГЕН – БЈЕРИНБРО
ТАБЕЛА: 1. Бенфика 6 бода (91:74); 2. Бјерингбро 4 (91:93); 3. Мелзунген 2 (83:85); 4. Гвардија Ополе 0 (74:87).
ГРУПА Б
СРЕДА, 26 ФЕВРУАРИ
19:30ч
РАЈН НЕКАР – КУЕНКА
САБОТА, 29 ФЕВРУАРИ
19:00ч
НИМ – ХОЛСТЕБРО
ТАБЕЛА: 1. Рајн Некар 6 бода (100:86); 2. Ним 3 (90:89); 3. Куенка 3 (86:89); 4. Холстебро 0 (82:04).
ГРУПА Ц
САБОТА, 29 ФЕВРУАРИ
17:00ч
ГОРЕЊЕ – АДЕМАР ЛЕОН
НЕДЕЛА, 1 МАРТ
18:00ч
МАГДЕБУРГ – НАНТ
ТАБЕЛА: 1. Магдебург 6 бода (94:81); 2. Нант 4 (97:87); 3. Горење 2 (80:90); 4. Адемар Леон 0 (78:91).
ГРУПА Д
НЕДЕЛА, 1 МАРТ
16:00ч
ФУКСЕ БЕРЛИН – ЛОГРОЊО ЛА РИОХА
19:00ч
ЕКС АН ПРОВАНС – ТАТАБАЊА
ТАБЕЛА: 1. Татабања 4 бода (77:76); 2. Фуксе Берлин 3 (77:76); 3. Логроњо Ла Риоха 3 (80:80); 4. Екс ан Прованс 2 (76:78).