Некогашниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија – Тоше Ончев, по шест месеци минати во францускиот третолигаш Вернон, ја продолжи кариерата во грчкиот тим Фаикос Корфу.
Левиот бек има одлични партии во грчкиот шампионат и веднаш го привлече вниманието на јавноста. Во интервју за грчките медиуми зборуваше за своите ракометни почетоци и за своето искуство во Вардар.
„Чувството да се биде дел од Вардар беше неверојатно. Да се работи заедно со ѕвезди како Карачиќ, Циндриќ, Стоилов, Душебаев, Штербик беше неверојатно искуство за мене. Од нив научив многу. Тоа беа убави времиња, а сега е жално да го гледаш двократниот европски шампион како се бори со проблемите и како игра во лоша форма во Лигата на шампионите“, вели Ончев.
Тој додава дека уште од детството сонува да го облече дресот на шпанскиот гигант Барселона.
„Уште како дете мојот голем сон е да го облечам дресот на Барселона, тоа е мојот омилен тим. Што се однесува до мојата иднина, не ја исклучувам можноста да останам во Грција“, вели Ончев.
Левиот бек во Македонија покрај за Вардар и Вардар Јуниор, играше и за битолски Пелистер, а во Франција беше дел и од Вернуј.