Вардар може да слави Ф4 во СЕХА на 15 март во Скопје

Познати се термините за четвртфиналните натпревари во регионалната СЕХА лига, во која ракометарите на Вардар ја бранат титулата.

Ривал на вардарци ќе биде хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице, кој го закажа првиот меѓусебен дуел за 8 март во 17:00 часот.

Реваншот на кој ќе биде потврден патникот на завршниот турнир во СЕХА лига ќе се игра на 15 март во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот.

Брест Мешков ќе се бори со Пекинг за место во четвртфиналето на 2 и 3 март, но повеќе од сигурно е дека белорускиот тим ќе игра во следната фаза.

Распоред на натпревари, четвртфинале:

07.03.2020, 15:00 часот, Брест Мешков/Пекинг – Мотор
07.03.2020, 17:15 часот, Татран Прешов – Загреб
08.03.2020, 13:00 часот, Војводина – Веспрем
08.03.2020, 17:00 часот, Нексе – Вардар
11.03.2020, 20:00 часот, Загреб – Татран Прешов
12.03.2020, 17:00 часот, Мотор – Брест Мешков/Пекинг
14.03.2020, 19:00 часот, Веспрем – Војводина
15.03.2020, 20:15 часот, Вардар – Нексе