Управата на шампионот на Словачка, Татран Прешов во текот на сезоната најави дека од наредната сезона клубот ќе стане аматерски но работите не одат во тој правец.
Доказ за тоа се бројните засилувања кои од наредната сезона ќе дојдат во Татран а клубот ги потврди нивните трансфери на официјалната веб страна.
Последен во ниазата нови играчи е 24 годишниот бразилски голман Маркос Колодети кој доаѓа во Прешов од клубот Пинеирос и потпиша две годишен договор со можност за продолжување на уште една година.
„Преселбата во Прешов е голем чекор напред во мојата кариера. Татран е познат клубо со богата историја. Горд сум што ќе настапувам во таков тим“, кратко изјави Колодети по потпишувањето на договорот.
Исто така во Татран ќе пристигне и првиот Тунижанец, а тоа е Џихед Џабала кој во овој момент е член на Кристианштад но игра како позајмен играч во Ал Ахли. Неговиот договор е со важност од една година со можност за продолжување на плус една.