Кинези играа за Загреб во ЛШ!

За првпат во клупската историја, хрватскиот шампион Загреб во својот ростер имаше ракометари од Кина!

Тројца доскорешни членови на тимот од СЕХА, Пекинг Универзитет – голманот Кјуан Ванг, десниот бек Ксуејан Јао, како и левиот бек Џианџие Жанг ќе ги бранат боите на „плинарите“ до 30 април.

Првите двајца дебитираа на натпреварот против Барселона што се одигра во „Блауграна“, кој Загреб го загуби со 32-23.

На овој дуел хрватскиот тим беше без суспендираниот тренер Веселин Вујовиќ, а не настапи ниту македонскиот репрезентативец Ненад Костески.