Натпреварите во квалификациите за Олимписките игри во Токио ќе бидат одиграни во март и во април, а ИХФ веќе ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдаа и во машка и во женска конкуренција.
Делегирани се вкупно 24 судиски двојки, но на списокот не се најдоа Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои го судеа финалето на Европското првенство кое се одржа минатиот месец.
Очигледно ИХФ одлучи да даде предност на далеку понеквалитетни судиски двојки, па останува да се види како тие ќе ја завршат добиената задача.
Според распоредот женските квалификации ќе бидат одиграни од 20 до 22 март, а машките се од 17 до 19 април.
СУДИИ ЗА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОЛИМПИСКИ ИГРИ – МАЖИ
ГРУПА 1 (НОРВЕШКА)
Матија Губица/Борис Милошевиќ (Хрватска)
Вацлав Хорачек/Јиржи Новотни (Чешка)
Дуарте Сантос/Рикардо Фонсека (Португалија)
Артур Брунер/Морад Салах (Швајцарија)
ГРУПА 2 (ФРАНЦИЈА)
Хулијан Лопез Гриљо/Себастијан Ленци (Аргентина)
Роберт Шулце/Тобијас Тонис (Германија)
Ларс Јорум/Хавард Клевен (Норвешка)
Мирза Куртагиќ/Матијас Ветервик (Шведска)
ГРУПА 3 (ГЕРМАНИЈА)
Мартин Гјединг/Мадс Хансен (Данска)
Оскар Рали Лопез/Анхел Сабросо Рамирез (Шпанија)
Карим Гасми/Рауф Гасми (Франција)
Мајид Коладузан/Алиреза Мусавијан Назад (Иран)
СУДИИ ЗА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОЛИМПИСКИ ИГРИ – МАЖИ
ГРУПА 1 (ШПАНИЈА)
Мајке Мерц/Тања Кутлер (Германија)
Бон-ок Ко/Сеок Ли (Кореја)
Кристина Настасе/Симона Станку (Романија)
Викторија Алпаидзе/Татјана Березкина (Русија)
ГРУПА 2 (УНГАРИЈА)
Јусуф Белкири/Сид Али Хамиди (Алжир)
Марија Инес Паолантони/Маријана Гарсија (Аргентина)
Шарлот Бонавентура/Жули Бонавентура (Франција)
Иван Павичевиќ/Милош Ражнатовиќ (Црна Гора)
ГРУПА 3 (ЦРНА ГОРА)
Андреу Марин/Игнасио Гарсија Серадиља (Шпанија)
Бојан Лах/Давид Сок (Словенија)
Самир Крихен/Самир Маклоф (Тунис)
Матијас Соса/Кристијан Лемес (Уругвај).