Германија и Норвешка добија вајлд-карта за Мундијал

Следниот Мундијал во ракомет на песок ќе биде одржан во италија, а списокот на учесници беше комплетиран со доделувањето на „вајлд-карти“ за машкиот тим на Германија и женскиот состав на Норвешка.

Натпреварувањето е планирано да се одржи од 30 јуни до 5 јули а причината за ослобудањето на местата беше во тоа што Венецуела не учествуваше на квалификацискиот турнир на Јужна и Централна Америка, па место три овој континент доби две места.

Оттаму Европа успеа да дојде до уште по едно место плус, па Германија и Норвешка профитираа.

На Мундијалот во ракомет на песок ќе играат по 16 репрезентации во двете конкуренции.

УЧЕСНИЦИ НА СП 2020 ВО РАКОМЕТ НА ПЕСОК

МАЖИ: Италија, Норвешка, Аргентина, Оман, Австралија, Катар, Бразил, Русија, Хрватска, Тунис, Данска, Уругвај, Унгарија, САД, Мексико, Германија.

ЖЕНИ: Италија, Унгарија, Мексико, Аргентина, Австралија, Холандија, Бразил, Шпанија, Кина, Тунис, Хрватска, САД, Данска, Виетнам, Грција, Норвешка.