Ниту Кина, ниту Хонг Конг: Тајланд ќе игра квалификации за Олимпијада

По повлекувањето на Кина и Хонг Конг од настапот на олимписките квалификациски турнири поради корона вирусот, ИХФ најде замена.

Тајланд ќе биде 12-тиот учесник што ќе настапи на турнирите во март. Откако најпрво се откажа Јужна Кореја, покана доби Казахстан, а по откажувањето на Кина, се бараше нова солуција.

Согласно азискиот рејтинг, следни на листата беа Хонг Конг кој ја одби поканата и Тајланд, кој за среќа на Црна Гора, Романија и Норвешка ја прифати поканата.

Доколку Тајланд се откажеше, поканата ќе беше испратена до Германија или Данска, а Црна Гора, Романија и Норвешка сигурно ќе имаа многу потешка задача да стигнат до Олимписките игри.

Квалификациските турнири ќе се играат во Црна Гора, Унгарија и Шпанија од 20 до 22 март.