Еуро2020: Уште една дилема за полуфинале и една дилема за олимписки квалификации

Комплетирањето на 3. коло од втората фаза на Европското првенство ги постави работите речиси на свое место односно полека дава одговор на прашањата кои репрезентации ќе се најдат во битката за медалите.

Откако уште во саботата стана јасно дека Хрватска и Шпанија се првите полуфиналисти, вчера Норвешка беше промовирана во третата селекција која в петок ќе разигрува за пласман во финалето.

Дилемата е дали Словенија или Унгарија ќе се најдат во полуфиналето. Воедно има и дилема дали Унгарија ќе го земе последното место за квалификациите за Олимписките игри бидејќи Словенците веќе го обезбедија.

Време уште многу нема да има исто како и дилеми бидејќи веќе денеска ќе стане јасно кои репрезентации ќе се најдат во разигрувањето со оглед на тоа што е последен ден од вториот круг.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО (ВТОРА ФАЗА)

ГРУПА 1 (ВИЕНА)

1.КОЛО

ШПАНИЈА – ЧЕШКА      31:25

Анхел Перез 5, А. Душебаев 5, Македа 3 – Здрахала 8, Каспарек 6, Бечвар 4

ХРВАТСКА – АВСТРИЈА           27:23

Хорват 6, Дувњак 5, Циндриќ 5 – Вебер 6, Цајнер 4, Билик 3

БЕЛОРУСИЈА – ГЕРМАНИЈА   23:31

Кулеш 6, Шилович 4, Вајлупов 4 – Кастенинг 6, Вебер 4, Кун 4

2.КОЛО

БЕЛОРУСИЈА – ЧЕШКА            28:25

Вајлупов 6, Јуринок 5, Каралек 5 – Здрахала 7, Каспарек 6, Бабак 2

ШПАНИЈА – АВСТРИЈА        30:26

Македа 6, Фигерас 4, Арињо 4 – Божовиќ 5, Фримел 4, Билик 3

ХРВАТСКА – ГЕРМАНИЈА        25:24

Карачиќ 7, Дувњак 5, Степанчиќ 4 – Генсхајмер 4, Рахјман 4, Вебер 4

3.КОЛО

ХРВАТСКА – ЧЕШКА     22:21

Мамиќ 5, Мариќ 3, Степанчиќ 3 – Здрахала 7, Хрстка 4, Каспарек 3

БЕЛОРУСИЈА – ШПАНИЈА       28:37

Вајлупов 8, Кулеш 6, Јуринок 3 – Фернандез Перез 7, Соле 7, Македа 6

АВСТРИЈА – ГЕРМАНИЈА         22:34

Билик 5, Пош 4, Божовиќ 3 – Кастенинг 6, Рајхман 5, Пекелер 4

СРЕДА, 22 ЈАНУАРИ

16:00ч

ХРВАТСКА – ШПАНИЈА

18:15ч

БЕЛОРУСИЈА – АВСТРИЈА

20:30ч

ЧЕШКА – ГЕРМАНИЈА

ТАБЕЛА: 1. Шпанија 8 бода (131:105); 2. Хрватска 8 (105:91); 3. Германија 4 (115:103); 4. Австрија 2 (103:120); 5. Белорусија 2 (102:124); 6. Чешка 0 (100:113).

ГРУПА 2 (МАЛМЕ)

1.КОЛО

СЛОВЕНИЈА – ИСЛАНД    30:27

Бомбач 9, Благотиншек 4, Доленец 4 – Елисон 6, Кристјансон 5, Смарасон 4

НОРВЕШКА – УНГАРИЈА          36:29

Сагосен 7, Јоханесен 6, Јондал 5 – Лигетвари 5, Наѓ 5, Балог 3

ПОРТУГАЛИЈА – ШВЕДСКА    35:25

Фераз 6, Силва 6, Магељаеш 6 – Петерсон 4, А. Нилсон 4, Толбринг 3

2.КОЛО

ПОРТУГАЛИЈА – ИСЛАНД        25:28

Мартинс 4, Ареја 4, Кавалканти 3 – Смарасон 8, Палмарсон 5, Петерсон 5

СЛОВЕНИЈА – УНГАРИЈА         28:29

Доленец 8, Мацковшек 5, Благотиншек 4 – Банхиди 9, Лигетвари 6, Наѓ 3

НОРВЕШКА – ШВЕДСКА          23:20

Сагосен 8, Оверби 3, Јондал 3 – Пелас 5, Толбринг 3, Лагергрен 3

3.КОЛО

ПОРТУГАЛИЈА – СЛОВЕНИЈА    24:29

Гомеш 6, Фраде 4, Портела 3 – Јанц 7, Доленец 6, Мачковшек 6

НОРВЕШКА – ИСЛАНД                31:28

Сагосен 9, О’Саливен 6, Јондал 4 – Гудмундсон 6, Гунарсон 4, Јохансон 3

УНГАРИЈА – ШВЕДСКА                18:24

Сита 4, Мате 3, Банхиди 3 – Пелас 5, Готфридсон 5, Нилсон 4

СРЕДА, 22 ЈАНУАРИ

16:00ч

ПОРТУГАЛИЈА – УНГАРИЈА

18:15ч

НОРВЕШКА – СЛОВЕНИЈА

20:30ч

ИСЛАНД – ШВЕДСКА

ТАБЕЛА: 1. Норвешка 8 бода (124:105); 2. Словенија 6 (108:99); 3. Унгарија 4 (100:106); 4. Португалија 2 (112:116); 5. Исланд 2 (101:110); 6. Шведска 2 (88:97).